Mk:WikiProject Macedonia/Macedonian roads tagging
Категоризацијата на патиштата во Република Македонија е регулирана со Законот за Јавни Патишта [1] во кој е направена класаификација на патиштата во однос на нивната важност, а за автопатите и експресните патишта се предвидени критериуми кои патиштата треба да ги задоволат за да бидат категоризирани како такви.
Според препораките за означување на highway=* само при означување на highway=motorway би требало да се води сметка патот да задоволува некој физики критеруми, додека за сите друи патишта побитна е важност на патот отколку неговите физички карактеристики. Бидеејќи ние освен за автопатиштата имаме законска рамка и за експресен патишта, кој обично се мапира како highway=trunk, при мапирањето на експресните патишта и тие ќе мора да задоволуваат одредени физички карактеристики предвидени со закон. Сите други патишта без разлика дали се асфалтирани, земјени, широки или тесни, дали поврзуваат градови или пак само села ќе бидат мапирани према нивната важност. Физичките карактеристики на овие патишта ќе бидат дефинирани со дополнителни параметри како surface=*, width=* или сл.
Во груби црти предложеното решение за мапирање на патиштата во Македонија, надвор од населени места водејќи сметка за нивната важност би бил следниот:
highway=motorway - Автоопати кои имаат физички разделени патишта во двата правци и најмалку по две ленти за возење и плус една лента за застанување или пак со закон и соодветен сообраќаен знак се дефинирани како автопат.
highway=trunk - Експресни патишта кои имаат имаат најмалку една лента за возење и една за застанување во едне правец или пак со закон и соодветен сообраќаен знак се дефинирани како експресен пат. Патиштата во различни правци немора физички да бидат раздвоени.
highway=primary - Магистрални државни патишта од од А категорија кои не се ниту автопaт ниту експресен пат
highway=secondary - Регионални патишта од прва категорија со ознака R1***
highway=tertiary - Регионални патишта од втора и трета категорија со ознака R2*** R29***
highway=unclassified - Локални патишта под надлежност на општините
Надвор од населени места
Type (Macedonian Name) |
Keys | Description | Links | Map view |
Автопат |
highway=motorway lanes=x oneway=yes ref=Ax int_ref=Exx |
Автопат е пат специјално проектиран и изграден само за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со физички раздвоени коловози по насоки, кој има по најмалку две ленти за сообраќај и по една лента за принудно застанување во двете насоки. Не треба да се вкрстува со други патишта или железнички пруги а пристапот до него од јавните патишта е преку посебно изградени приклучоци. Автопатот треба да биде заштитен за пристап од надвор. | ||
Приклучок кон автопат | highway=motorway_link lanes=x oneway=yes ref=Ax int_ref=Exx |
|||
Експресен пат | highway=trunk lanes=x oneway=yes/no ref=Ax int_ref=Exx |
Експресен пат е пат специјално проектиран и изграден само за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, кој има по најмалку една ленти за сообраќај и по една лента за принудно застанување во двете насоки. Не треба да се вкрстува со други патишта или железнички пруги а пристапот до него од јавните патишта е преку посебно изградени приклучоци. Експресниот пат треба да биде заштитен за пристап од надвор. | ||
Приклучок кон експресен пат | highway=trunk_link lanes=x oneway=yes ref=Ax int_ref=Exx |
|||
Магистрален пат | highway=primary lanes=x ref=Ax int_ref=Еxx |
Магистрален пат е државен пат кој поврзува поважни региони во државата и со кој преку меѓународните гранични премини се обезбедува поврзување со патната мрежа на соседните држави | ||
Регионален пат од прва категорија | highway=secondary lanes=x ref=R1xxx int_ref=Еxx |
Регионален пат од прва категорија е државен пат од посебно значење за државата кој води кон граничен премин на соседна држава, поврзува најмалку два града во државата или е врска кон патиштата од А категорија. За да биде патот категоризиран во Регионален пат од прва категорија потребно е да исполнува параметри пропишани со Законот за категоризација на патиштата. | ||
Регионален пат од втора категорија | highway=tertiary lanes=x ref=R2xxx int_ref=Еxx |
Регионален пат од втора категорија е државен пат од посебно значење за државата кој води кон граничен премин на соседна држава, поврзува најмалку две населени места во различни општини или пак е врска кон патиштата од А категорија. За да биде патот категоризиран во Регионален пат од втора категорија потребно е да исполнува параметри пропишани со Законот за категоризација на патиштата. | ||
Регионален пат од посебни значење | highway=tertiary lanes=x ref=R29xxx int_ref=Еxx |
Регионален пат од посебно значење се државни патишта кој само делумно ги задоволуваат критериумите за државен пат. Ова се општински патишта кои поради значењето за државата се категоризирани како државни патишта. | ||
Општински пат | highway=unclassified lanes=x ref=Lxxxx |
Општински пат е пат кој го побрзува седиштето на општината со населените места, државните патишта или пак туристичките, спортско-рекреативните или културно-историски локалитети од локално значење за општината. | ||
Некатегоризирани патишта | highway=unclassified lanes=x |
Сите останати патишта за моторен сообраќај кои поврзуваат населени места или се врска кон државните или општинските патишта, а не ги задоволуваат критериумите за државни и општински патишта. | ||
Сервисни патишта | highway=service lanes=x |
Пристапни патишта, патишта во индустриски објекти, паркинг коридори, патеки, алеи , премини низ кои може да се одвива сообраќај со моторни возила | ||
Земјоделски патишта | highway=track | Патишта за пристап до земјоделски површини или шумски патишта за превоз на дрва | ||
Патеки | highway=path | Патека која нема некој посебни карактеристика и која ја користат и делат различни категории. | ||
Патишта во изградба | highway=construction | Патот е е во изградба/реконструкција и движењето по него не е Дозволено. |