Mk:Copyright

From OpenStreetMap Wiki
Jump to navigation Jump to search

Оваа страница содржи прирачни материјали за ресурси поврзани со авторски права на OpenStreetMap.

Причина за создавањето на OpenStreetMap

Зошто ја создаваме OpenStreetMap

Сопственички податоци

Не користете податоци од карти заштитени со авторски права или било кои други сопственички податоци! Строго се забранува копирањето, прецртувањето и секој друг чин на умножување на било кое заштитено дело. Авторското право е „негативно“ или „спречително“ право, што значи дека спречува извесни групи да прават нешто со заштитеното дело. Изворниот имател на авторските права има таканаречени [mk.wikipedia.org/wiki/Авторско_право#Морални_права екслузивни права] на делото и затоа е единствениот кој е повластен да ги менува дозволите и употребата. Ако наидете на податоци во OpenStreetMap што сметате дека кршат нечие авторско право, тогаш обратете се кај Работната група за податоци.

На највеќето карти ќе најдете симбол за авторски права, заштитен знак или нешто слично што укажува на тоа дека делото е сопственичко. До ова стои име на носителот на правото и година на заведување. Вакви белези честопати стојат во аголот на самата карта или на/во корицата. Како и физичките заштитени дела, електронските извори на податоци треба да имаат приложени услови на употреба, откажување од огворорност или напомена за авторските права. Доколку не сте сигурни: не користете го делото.

Дознајте за Copyright Easter Eggs.

Карти со истечено авторско право

Карти со истечено авторско право

Правни прашања за OSM

Често поставувани правни прашања

Авторските права низ светот

Прирачни материјали